ЈО воспоставува надлежност

Објавил: Узунов Бобан | 13 септември, 2019 8:53

ЈО денеска ги превзема предметите од СЈО

Фото/Текст извор: ©магазин

Од Специјалното јавно обвинителство вчера соопштија дека се подготвени да го извршат трасферот на сите отворени случаи, истраги и предистраги на Јавното обвинителство. За денеска е најавено дека таа процедура ќе почне пред истекот на мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева на 15 септември.

Сѐ уште е неизвесно е дали политичките партии ќе се усогласат за профаќање на измените во Законот за јавно обвинителство и приклучувањето на СЈО кон редовното обвинителство. И покрај тоа, со кореспонденцијата меѓу Катица Јанева од притвор, ЈО и СЈО трансферот на предметите е веќе договорен.

И републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески веќе изјави дека сите технички процедури за предавањето на сите прислушувани материјали и други докази се веќе договорени.

Од денеска секој обвинител на СЈО ќе треба да ги попише своите предмети, истраги и предистраги и да ги архивира.

Ова најверојатно ќе биде само формална преселба, не и физичка, затоа што зградата на СЈО останува во сопственост на Јавното обвинителство.

Она што останува непознато е кои обвинители ќе ги водат овие предмети – оние што и досега ги воделе или ќе се прави нова прераспределба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести