недела, 5 мај 2024

MK/ EN/ DE



Најмалку 85 села беа поплавени во Мјанмар по пукање на брана а евакуирани 63.000 луѓе

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 12:02

Југоисточна Азија: Се урна брана , десетици илјади се евакуираат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку 85 села беа поплавени во Мјанмар по пукање на браната при што се поплави главниот автопат и повеќе од 63.000 луѓе беа евакуирани, велат официјалните претставници.

Пожарникарите, армијата и официјалните претставници започнаа операции за спасување  откако попушти браната Суар во централниот дел на земјата, каде што водата се користи за наводнување. Како резултат на пукањето на браната, водата ги потопи селата и околните места на Суар и Јадаса.

Луин Тун, заменик-директорот на Одделот за наводнување и користење на вода, изјави за локалните медиуми дека нивото на водата полека почнува да опаѓа.

Сообраќајот помеѓу градовите Јангон, Мандалеј и Нејпјидо е прекинат откако е поплавен мостот на автопатот што ги поврзува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.