Многумина од жителите се жалат дека насадиле со позајмици кои веќе една година не можат да ги подмират.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јули, 2019 23:04

Една година од поплавите граѓаните извисени- „Заев ни вети, му дадовме гласови, а тој нè предаде“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Алсат тв

Револтирани и оставени на милост и немилост, жителите на село Страчинци од скопската општина Гази Баба побараа спас во медумите. 

Како што пренесува тв Алсат во својата сторија, граѓаните биле излажани и извисени од актуелната власт. Жителите од Страчинци се револтирани затоа што државата не им ја плаќа земјоделската штета која беше предизвикана во мај минатата година по врнежите од дожд и град, објави телевизија Алсат.

Жителите од село Страчинци од скопската општина Гази Баба се револтирани затоа што државата не им ја плаќа земјоделската штета која беше предизвикана во мај минатата година по врнежите од дожд и град.

Многумина од жителите се жалат дека насадиле со позајмици кои веќе една година не можат да ги подмират.

„Ни вети Заев, сите му дадовме гласови со надеж дека ќе ни даде нешто, а тој нè предаде… Имав посадено сè. Сто отсто штета, тутун, јагоди, лубеница, пченка. Сто отсто ми ја уништи пченката, дојдоа на полето и видоа, рекоа – ќе ви дадеме пари, ниту ни платија, ниту ништо, нè предадоа“, рече Џемал Џемали, жител на с. Страчинце.

Освен исплата на штетата, жителите бараат и водовод во селото за наводнување на насадите.

„Не ни дадоа речиси ништо, ниту пченицата не ја платија, ниту најлонот, ниту нешто друго. Ветуваат дека ќе дадат ова, она, но ништо. Бевме во општината, ова село е скопска населба, а многу сме заостанати, на нашето поле му е потребна вода, нема вода, актуелниот градоначалник ни вети дека ќе донесе вода, нема ни вода ни ништо“, рече Садри Етеми, жител на село Страчинце.

Целата вест прочитајте ја на АЛСАТ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести