Поранешниот премиер за независноста

Објавил: Узунов Бобан | 9 септември, 2019 9:53

Љубчо Георгиевски: Колку Југословени бевме, добро е што стигнавме до 28 години независност !

Фото/Текст извор: ©магазин

Од денешен аспект, може слободно да се каже дека еден од најзаслужните политичари, ако не и најзаслужниот за денешната самостојност на Македонија е првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Љубчо Георгиевски.

Во времето кога сите се залагаа за некаква конфедерација во рамките на поранешната држава, тој храбро излегуваше по митинзи и бараше самостојна држава, македонски пари, фудбалска репрезентација и.т.н.

Георгиевски потоа, остро се спротивставуваше на влијанието на Србија врз нашата држава, особено на неосвестените Македонци, на кои по фраг им е успехот на нашиот северен сосед, од Македонскиот.

Во истиот контекст, Георгиевски го честита и денешниот празник:

,,Кога ќе се сетам колку големи Југословени бевме количински и содржински добро е што стигнавме до 28 години независност.

Честито државност!”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.