Пратеникот на ГРОМ, од коалицијата предводена од ВМРО - ДПМНЕ, Панчо Минов на прашање го соопшти својот став дали ќе гласа за уставни измени, се бара преведувач од кавадаречки

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 13:05

“Ќе гласам према народот” – Панчо Минов за уставните измени

Фото/Текст извор: ©макфах.ком.мк

Почна јавната прозивка на пратениците од законодавниот дом за кои се смета дека можеби ќе ги поддржат уставните измени.

Пратеникот од ГРОМ, Панчо Минов, за макфакс.ком.мк одговори дека за уставните измени во Собранието ќе гласа така како што гласал народот.

На прашањето дали ќе гласа за уставните измени со кои треба да се примени договорот од Преспа, Минов кратко одговори: “Према народот, како?!”

На дополнително прашање дали тоа значи дека нема да гласа за промената на Уставот во Собранието, Минов само дополни “Вие ме прашавте, јас ви одговорив”.

Минов рече дека до денеска власта не го консултирала во обидот да го убеди да гласа за уставните промени за договорот со Грција.

Минов, кој беше избран за пратеник на изборите во 2016 како дел од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, беше против Законот за употреба на јазиците.

Порталот го консултираше пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, но тој не одговори на телефонскиот повик. Тој беше избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 година од АВАЗ во коалицијата “За подобра Македонија”, предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.