Власта им суди на лица кои најмалку предизвикале инцидент во Собранието па неспособна да ги лоцира виновници ги ослободува терористите од "Монструм" и "Диво Насеље"

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 10:10

Ќе им се суди на уметници – оперски пејач – режисер и пратеници за тероризам а терористите одат дома

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжува судењето на обвинетите за тероризам поради настаните од 27-ми април во Собранието на Република Македонија.

Во судските клупи повторно се враќаат: Богдан Василевски – Борис Дамовски – Игор Дурловски – Владо Јовановски – Оливер Поповски – Горан Ѓошевски – Мунир Пепиќ – Душко Лазаров – Митко Пешов – Оливер Радулов – Илија Славковски – Јане Ченто – Митко Чавков – Елена Доцевска – Абдуљафет Алими како и пратениците Сашо Василевски – Јохан Тарчуловски – Крсто Мукоски – Жаклина Пешевска – Љупчо Димовски и Љубен Аранудов.

Уште од стартот на овој судски спор во јавноста гласно се зборува дека станува збор за политички монтиран случаj т.е случај каде целта е одмазда кон политичките неистомисленици на власта.

Во овој случај за тероризам се обвинети пратеници – уметници – еден од најдобрите оперски пејачи не само кај нас туку и во светски рамки за тероризам  додека како што се коментира во јавноста вистинските терористи се пуштаат на слобода.

Таков е примерот со обвинетите од случајот “Монструм” чие дело е вратено од почеток за одлучување иако oбвинетите веќе беа осудени на доживотни казни затвор претходно за сега да се бранат од слобода. Тие беа осудени за петкратно убиство на велики четврток пред Велигден кај Смилковско езеро.

Врховниот суд во ноември лани им ги укина пресудите и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ – Хаќи Азири – Сами Љута и Фејзи Азири по што им определи мерки на претпазливост. За судот сеуште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

На 19-ти февруари годинава судењето кое еднаш заврши со доживотни казни за обвинетите се отвори одново пред нови судии. Ист епилог има и судскиот процес со обвинетите за “Диво Насеље” за кои е ветена ослободителна пресуда а на Косово дури и финансиска обештета за времето поминато во притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.