Одлуката која скопска Апелација ја одложена вчера, поради друг судски процес, на Груевски, ќе му биде соопштена денес

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 8:09

Ќе ја потврди ли судот затворската казна за Груевски на неговиот роденден?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешен ден во 1970 година е роден екс премиерот и претседател на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски.

Токму на оваа дата на која ќе наполни 48 години се очекува Апелациониот суд да ја потцрди или отфрли затворската казна за Груевски кој за предметот „Тенк“ на СЈО.

За набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден безмалку 600.000 евра тој доби двегодишна затворска казна.

Седницата е закажана за денеска а причина за вчерашното одложување беше отсуството на Груевски и неговите четворица адвокати кои мораа да приствуваат на рочиштето во Кривичниот суд Скопје за предметот на СЈО „Насилство во Центар“, во кое Груевски, исто така, е обвинет.

Дали денешната одлука ќе му ја расипе роденденската журка на Груевски и ќе ја потврди одлуката останува да слушнеме по исходот од денешната јавна расправа?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести