Бранка реши да проговори и во јавноста призна дека жали за тоа што не се остварила како мајка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 декември, 2019 11:22

Џабе имам милиони кога Бог не ми подари деца- српската пејачка си ја отвори душата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка Бранка Соврлиќ  има 65 години и конечно реши да проговори за јавноста и да ја раскаже вистината. Таа во својот живот као што вели успеала да стекне големо богатство. Брои милиони, живее луксузен живот, има луксузен дом, но сепак вели дека не е среќна. 

Бранка реши да проговори и во јавноста призна дека жали за тоа што не се остварила како мајка.

Бранка Соврлиќ искрено жали што нема деца…

Иако Бранка и нејзиниот сопруг поседуваат неколку луксузни станови во Белград и Сараево, како и ресторан, сепак таа вели дека не е исполнета.

Бранка чувствува голема тага поради тоа што нема деца, односно наследник.

Таа вели дека џабе е се што поседува кога нема на кој да го остави наследството.

-Паја, односно Садик Пашиќ, мојот сопруг и јас, стекнавме многу. Без лажна скромност, ние сме милионери, но би сакала да имам многу помалку, а Бог, односно таа виша сила, судбината, да ни подареше деца, односно барем едно дете. Вака некој би рекол џабе ни е се. Едноставно немавме среќа во совршениот брак со многу љубов и разбирање да станеме и родители. Бог изгледа не дава се, раскажала пејачката.

 

Бранка, инаку својот сопруг го запознала на еден од своите настапи. Инаку српската фолкерка Бранка Соврлиќ е љубител на стилски мебел, а сега покажа како и изгледа и домот.

Таа има неколку станови кои имаат луксузни лустери, слики и гоблени, украси и сувенири и сите се стилски и луксузно наместени.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.