Џафери истакна дека тој како претседател на Собранието, ја имал таа привилегија да покаже дека се работи за наметнат стереотип Албанец да биде на чело на некоја институција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2020 10:37

Џафери: Ние нудиме премиер – Албанец, не по секоја цена премиер од ДУИ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на вчерашната прес конференција ги повика граѓаните да ја поддржат идејата за премиер Албанец. Џафери кој е носител на листата на ДУИ во Изборната единица 5 ги повика партиите да оформат заедничка платформа и да дадат завет пред граѓаните дека избраните пратеници во следното Собрание, ќе се обврзат да ја дадат политичката доверба на она мнозинство во Собранието кое ќе ја прифати и ќе ја реализира оваа идеја.

Талат Џафери е македонски политичар, поранешен министер за одбрана и актуелен претседател на Собранието на Македонија.Џафери на 27 април 2017 бил избран за претседател на Собранието на Македонија, што било проследено со упад во Собраниската зграда. Од ВМРО-ДПМНЕ го оспориле неговиот избор како нелегитимен бидејќи според партијата, бил прекршен деловникот за работа на Собранието.

Да прецизирам, ние нудиме премиер – Албанец, а не по секоја цена премиер од ДУИ! – и ова претставува силно подадена рака пред сè до партиите на Албанците, заеднички да застанеме зад оваа идеја. Еве денес испраќаме јавна понуда со која се откажуваме од ексклузивитетот на оваа идеја, рече Џафери, додавајќи: Тоа е сериозна понуда, тоа е храбра политичка одлука, но ве уверувам, тоа е најдобриот начин да ја вратиме довербата на Албанците во политиката, во нас политичарите, дека без разлика на нашите несогласувања, во клучните моменти, за клучните прашања, имаме капацитет и доблест да се обединиме во интерес на граѓаните, рече Џафери.

Џафери истакна дека тој како претседател на Собранието, ја имал таа привилегија да покаже дека се работи за наметнат стереотип Албанец да биде на чело на некоја институција.

-Денес веќе никој не чувствува ниту закана, ниту некаков недостаток од фактот што Албанец веќе три години го предводи Собранието, и дозволете да бидам нескромен – улога која сметам дека добро ја извршував. Уште повеќе, сметам дека во некои клучни моменти – претставуваше вистинска предност што не бев дел од водечките партии на етничките Македонци, што ми овозможи да делувам како арбитер, платформа која обезбеди услови за да се изгради денешниот консензус, тврди Џафери.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.