Иако на изборите сите три етнички групи прогласија победа во своите табори, радоста остана само кај политичарите, граѓаните на БиХ ни од овие избори не очекуваат подобро утре

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 7:55

Џаферовиќ, Комшиќ и Додик водат во трката за членови на Претседателството на БиХ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Босна и Херцеговина ги реализираше општите генерални избори на кои сите се победници освен народот кој не очекува ништо ново.

Врз основа на над 70 отсто обработени гласачки места, според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК на БиХ), во трката за член на Претседателството од бошњачкиот народ е кандидатот на Партијата за демократска акција (СДА), Шефик Џаферовиќ.

Втор е Денис Беќировиќ од Социјалдемократската партија (СДП) со 88.745 или 33.40 отсто од гласовите, потоа следи Фахрудин Радончиќ од Сојузот за подобра иднина (СББ) со 32.816 или 12.35 отсто, независниот кандидат Мирсад Хаџикадиќ со освоени 22.712 или 8.55 отсто, Сенад Шепиќ од Независниот блок со 16.297 или 6.13 отсто, потоа Амер Јерлагиќ од Партијата за БиХ (СБиХ) со освоени 4.227 гласа или 1.59 отсто.

Во трката за хрватски член на Претсдеталството на БиХ води Жељко Комшиќ од Демократскиот фронт (ДФ) со 96.182 гласа или 49.47 отсто, втор е Драган Човиќ од Хрватската демократска заедница на БиХ (ХДЗ БиХ) со 75.170 или 38.66 отсто, потоа Дијана Зеленика од Хрватската демократска заедница 1990 (ХДЗ1990) со 13.462 или 6.92 отсто, Бориша Фалатар од Наша партија со 6.274 или 3.23 отсто и Јерко Иванковиќ Лијановиќ од народната партија “Со работа за подобар живот” (НСРБ) со 3.351 гласа или 1.72 отсто.

Кога станува збор за Република Српска, во трката за српски член на Претседателството на БиХ води Милорад Додик од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) со освоени 127.263 гласа или 55.15 отсто од гласовите, а следи Младен Иваниќ од Сојузот за победа со 96.879 или 41.98 отсто, потоа Гојко Кличковиќ од Прва СДС со 3.433 или 1.49 отсто и Мирјана Поповиќ од СНС со 3.185 или 1.38 отсто од гласовите.

Кога станува збор за членовите на Претседателството на БиХ од Федерацијата БиХ, според прелиминарните резултати на ЦИК, има 460.491 валиден глас, од кои 17.031 се неважечки ливчиња (празни) и 36.310 невалидни ливчиња. Во Република Српска станува збор за вкупно пребројани 230.762 валидни ливчиња, меѓу кои 7.338 се неважечки и 14.038 невалидни ливчиња.

Остана за новиот состав на Претседателството на БиХ да се пребројат гласовте од нешто под 30 отсто необработени гласачки места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.