Ова е јасна и присутна опасност. Гледаме како се собираат голем број војници, гледаме подготовки за сите видови операции кои се во согласност со претстојна воена кампања“, рече Џонсон, додавајќи дека денеска телефонски ќе разговара со Путин.

Објавил: Мате Парлоф | 2 февруари, 2022 7:59

Џонсон: Путин држи пиштол на главата на Украина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин држи пиштол на главата на Украина во обид да принуди промена на архитектурата на европската безбедност, изјави во вторникот во Киев британскиот премиер Борис Џонсон, нагласувајќи дека не ја преувеличува руската закана.

Ова е јасна и присутна опасност. Гледаме како се собираат голем број војници, гледаме подготовки за сите видови операции кои се во согласност со претстојна воена кампања“, рече Џонсон, додавајќи дека денеска телефонски ќе разговара со Путин.

Како што претходно беше најавено, Џонсон во Киев треба да разговара за ситуацијата во врска со Русија со Зеленски.

Генералниот секретар на британското Министерство за финансии, Сајмон Кларк, изјави во понеделникот дека Велика Британија ќе ги санкционира компаниите и луѓето кои имаат најблиски врски со рускиот претседател Владимир Путин доколку Москва преземе какви било мерки против Украина.

„Како пријател и демократски партнер, Велика Британија ќе продолжи да го поддржува суверенитетот на Украина кога ќе се соочи со оние кои сакаат да ја уништат“, напиша Џонсон на Твитер пред да слета во главниот град на Украина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.