Треба да се стори повеќе. Затоа претседателот го инструира националниот тим за безбедност да ја изврши оваа анализа во текот на вториот ден од функцијата", рече Псаки.

Објавил: Владо Марин | 23 јануари, 2021 14:01

ЏО БАЈДЕН ОДМА СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА: Побара од безбедносните служби да ја проценат заканата за насилен екстремизам во САД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот претседател Џо Бајден побара од безбедносните и разузнавачките служби да ја испитаат заканата од насилен екстремизам во САД, беше објавено од Белата куќа, откако маса демонстранти кои го поддржуваа поранешниот претседател Доналд Трамп насилно упаднаа во американскиот капитол.

„Нападот врз Капитол на 6 јануари и трагичната смрт и уништувањата што се случија го подвлекоа она што сите го знаеме: подемот на насилниот екстремизам е сериозна и растечка закана за националната безбедност“, изјави портпаролот на Белата куќа Псаки.

Таа истакна дека се потребни нови пристапи и дека ова прашање е приоритет на новата американска администрација.

Треба да се стори повеќе. Затоа претседателот го инструира националниот тим за безбедност да ја изврши оваа анализа во текот на вториот ден од функцијата”, рече Псаки.

Проценката на оваа закана треба да биде извршена од Кабинетот на директорот на Националната разузнавачка служба, ФБИ и Одделот за национална безбедност и ќе се користи како основа за понатамошно постапување по ова прашање, објави Белата куќа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести