По здобиените тешки повреди малолетното лице е пренесено во Градската општа болница "Св.Наум Охридски" во Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 11:29

11 годишно момче тешко повредено со мотор се судрило со автобус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Малолетник на возраст од 11 години е тешко повреден во сообраќајка несреќа која се случила вчера околу 15.30 часот во скопско Дељадровце.

Од МВР информираат дека сообраќајната незгода се случила помеѓу мотоцикл “Хамачи” без регистарски ознаки управуван од 11-годишник од Дељадровци и автобус “ЛАЗ” со скопски регистарски ознаки линија бр.66 управуван од М.Б. [ 48 ] од село Дељадровци.

“Од незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница “Св.Наум Охридски” во Скопје каде му била укажана лекарска помош.” – информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.