За експертите агенцијата е најлоша реформа во следењето на комуникациите затоа што ќе е директна владина институција со афтократско владеење на еден човек

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 14:04

14 кандидати за директор на ОТА – кој ќе биде човекот кој ќе не прислушкува?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кој ќе застане на чело на оперативно техничката агенција што ќе врши прислушување најверојатно ќе се знае веќе утре за кога е закажана комисија во собранието за именување на државни функционери.

Јавноста уште во јуни годинава ја објави листата на кандидати кои беа пријавени на огласот. Пратениците ќе треба да одлучат од 14 конкуренти а пријавени се правници лица од воената служба од сферата на безбедноста – економисти – електротехнички инженери а меѓу нив само неколку звучни имиња.

Официјално листата гласи:

  1. Александар Јанев – дипломиран правник од Скопје

  2. проф. д-р. Стефан Буџакоаки – дипломиран криминалист од Охрид

  3. Драган Ковачки – дипломирал на Воена академија во Скопје

  4. Игорчо Точев – дипломиран правник од Кочани

  5. Димитар Богатинов – дипломирал Воена академија во Скопје

  6. Зоран Ангеловски – дипломирал безбедност и самозаштита од Скопје

  7. Здравко Стојков – правник од Скопје

  8. Зоран Кнежевиќ – доктор на правни науки од Скопје

  9. Сашко Арсов – дипломиран економист од Штип

  10. Борислав Богдановски – дипломирал Воена академија во Скопје

  11. Ѓорѓи Лазаревски – дипломиран елетротехнички инженер од Скопје

  12. Александар Угриновски – дипломиран електротехнички инженер од Охрид

  13. Лазар Динов – дипломиран инженер по електротехника од Скопје

  14. Зоран Ефремов – дипломирал безбедност и самозаштита од Штип

За директор на ОТА конкурирал универзитетскиот професор за безбедност Стефан Буџаковски освен професорот од областа на безбедност на листата има уште двајца кандидати.

Се пријавил и поранешниот контраразузнавач Ѓорги Лазаревски на кого специјалното јавно обвинителство му го тргна кривичниот товар дека бил вмешан во наводната афера за прислушување позната како “Пуч”. Лазаревски е дипломиран електроинженер a со исто образование на листата има уште двајца. За директор на ОТА конкурирале и четворица правници меѓу нив и еден доктор на науки.

Со завршена воена академија во Скопје доаѓаат тројца кандидати, меѓу кои капетан Димитар Богатинов експерт од сферата на сајбер криминалот и полковникот Драган Ковачки поранешен раководител во службата за Воено разузнавање. На листата пријавени има и еден економист.

Агенцијата за прислушување треба да почне со работа во ноември годинава за експертите ОТА е најлошата реформа во следењето на комуникациите.

“Ние таму ќе ги контролираме тие службеници кои што ќе седат и ќе слушаат но кој ќе контролира тој што ќе го донесе оперативниот податок од терен и ќе напише извештај со кој ќе го информира обвинителот зошто Ѓурчески Љубомир треба да биде следен и зошто неговите телефони треба да бидат приклучени кои се основаните сомненија дека тој се занимава со кривични дела од областа на организираниот криминал.” – вели поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчески.

Кој се ќе работи во ОТА ќе биде одлука на директорот на Агенцијата за неговиот избор пак е потребно двотретинско мнозинство во собранието плус бадинтер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.