Споредбено со заклучоците од 31 Октомври 2021 година, бројката на невработени се зголемила за 62 лица кога имало 3264 невработени.

Објавил: admin@magazin | 27 јануари, 2022 6:18

3.326 лица невработени во Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

3326 лица се невработени во Охрид заклучно со 31.12.2021 година согласно статистиката од Агенцијата за вработување на Македонија.

Споредбено со заклучоците од 31 Октомври 2021 година, бројката на невработени се зголемила за 62 лица кога имало 3264 невработени, пренесе Ohrid news!

Според податоците од Агенцијата за вработување, 1634 од вкупно невработените се жени, а 1.692 мажи.

Статистиката покажува дека најмногу од невработените имале завршено основно образование или се без образование, односно 1.159 лица пријавени лица во Агенцијата за вработување. Со непотполно средно образование работа чекаат 655 лица, а со завршено средно образование 960.

91 невработен е со вишо образование, 428 регистрирани невработени лица завршиле високо образование, а 33 магистри на науки се пријавени за невработени лица во Охрид.

404 лица чекаат за вработување помалку од една година, но во Агенцијата за вработување има запишано лица кои вработување чекаат и повеќе од осум години, според статистиката во Охрид такви се 348 лица. Според возрасната структура најмногу невработени се на возраст од 60 и повеќе години.

Според националноста, во Охрид до Нова година невработени биле 2.657 македонци, 189 албанци, 159 турци, 90 роми, 7 срби, 1 влав и еден бошњак.

Во моментов на електронскиот систем при Агенцијата за вработување за Охрид, активни се 49 огласи за вработување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.