По последните официјални извештаи ја Светската здравствена организација, Битола, Тетово па Скопје се меѓу десетте најзагадени градови во Европа но и на светско ниво

Објавил: Мартин Попоски | 7 декември, 2018 5:36

30 отсто од смртните случаи се последица на аерозагадувањето

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Помеѓу дваесет и пет до триесет отсто од вкупните смртни случаи во Македонија се резултат на аерозагадувањето.

Само во Скопје годишно умираат околу илјада и двесте граѓани, покажуваат податоците од Институтит за јавно здравје.

Алармантните статисики се индикатор дека проблемот не се решава системски, потенцираат здравствените експерти.

Животниот век ни е скратен. Овие луѓе кои што умреле, од прилика околу 20-тина до 30тина години порано умреле отколку што кога не би било аерозагадувањето и конечно менталното здравје, самата психоза што ја имаат луѓето, се плашат да не заболат, е веќе болест. Ние сега сме среќни ако не заболиме. Ако не заболиме денес ќе заболиме утре. Сите ние сме изложени на токсични материи кои што зависно од тој кој каков имунитет има порано или подоцна ако не се преземе нешто ќе манифестираме овој тип на болести, значи прилично сериозна е состојбата. – вели проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институт за јавно здравје.

Граѓаните револтирани. Велат во недостаток на ефективни мерки од надлежните, им останува само да се молат ветерот да го расчисти загадениот воздух.

Македонија е загадена, но и толерантна во прагот на алармирање. Вонредните мерки стапуваат на сила кога мерните станици ќе ја надминат бројката од 200 ПМ10 на метар кубен и тоа во три последователни дена.

Здраствените експерти велат дека мерки се потребни во текот на целата година, а состојбата каква што е сега не гарантира дека во догледно време ќе имаме ниски концентрации за алармот да може да не спаси.

Како да не се прават системски мерки и еве сега повторно дојдовме во грејна сезона, повторно почнуваме да зборуваме за план, тој план не може да се спроведе преку ноќ, чим не се прави преку година системски не очекувајте дека може да кажеме дека имаме успех. Нешто крупно што ќе ги спушти концентрациите во вака неповолни услови во кои што живееме не гледам дека се прави. – вели Ѓорѓев.

Според последните извештаи на СЗО Скопје Тетово и Битола се најдоа меѓу десетте најзагадени градови во Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.