Артан Груби ги стави амандманите на ВМРО - ДПМНЕ на дневен ред за комисиска расправа

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 јули, 2018 9:48

401 амандман од ВМРО – ДПМНЕ на дневен ред

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Собраниската комисија за европски прашања – пратеникот Артан Груби за денес закажа седница на која ќе се разгледуваат 401 амандан кои на предлог измените на Законот за Изборниот законик ги поднесе ВМРО – ДПМНЕ.

По оценките дека ВМРО – ДПМНЕ го одолговлекува процесот за избор на членови на Државната изборна комисија а со образложение да се исполнат временските рокови за одржување на Референдумот – Владата поднесе предлог за измени во Изборниот законик со кои предлага наместо 2/3 мнозинство или 81 пратенички глас во поддршка членовите на Државната изборна комисија да се бираат со просто мнозинство т.е. 61 пратенички глас во поддршка.

ВМРО – ДПМНЕ појасни дека нема никакво одолговлекување и дека се работи за правни консултации на пратеничките групи но и посочи дека во пакет треба да се гласаат и измени во Законот за Влада со цел имплементирање на одлуките од договорот од Пржино кој важи од изборите 2016 година а кои налагаат формирање техничка влада пред секои избори. СДСМ оцени дека такви измени не се потребни иако таквите измени како политичка одлука беа донесени токму на нивно инсистирање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.