Веднаш по премиерата во 1958 година, „Мис Стон“ стана еден од најгледаните филмови во тогашна Југославија а бил награден во Единбург во 1960 година и во Њу Делхи во 1961 година

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 15:36

60 години од филмот „Мис Стон“

Фото/Текст извор: ©тера.мк/магазин.мк

Вечерва во битолскиот културен центар „Магаза“ во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“, Кинотека на Македонија ќе приреди изложба и филмски проекции со кои се одбележува 60- годишнината од премиерата на македонскиот игран филм „Мис Стон“.

Под насловот „Мис Стон: Некаде помеѓу Елен и автономија“ во Битола ќе бидат изложени фотографии, документи, преписки, сценарија, прес-клипинзи, книги на снимање, сценографски скици, пропаганден материјал и друга архивска граѓа.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека по повод јубилејот, пред македонската јавност и филмската публика, ќе биде презентиран значаен дел од сочуваните материјали кои денес се дел од збирката на пишувана документација на архивот на Кинотека на Македонија.

Веднаш по својата премиера во 1958 година, „Мис Стон“ стана еден од најгледаните филмови во тогашна Југославија, во 1959 година доби три Златни арени на фестивалот во Пула, а наградите ги добија актерите Петре Прличко и Олга Спиридоновиќ, како и сценографот Василије Поповиќ-Цицо.

Според архивски податоци, македонскиот игран филм „Мис Стон“ бил наградуван и на меѓународните филмски фестивали во Единбург во 1960 година, и во Њу Делхи, во 1961 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...