Најпрво општината започна со уривање на дивоградбите на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид , каде во моментот се урива првата дивоградба за која општината претходно издаде решение. Станува збор за куќа која се гради и покрај тоа што нема решение за градба. Пред десетина дена на истата локација беа уапсени неколку градежни работници кои мешаа малтер, бидејќи граделе и покрај забраната.

ВИДЕО: Започна уривањето во Охрид, врие полиција, се урна првта дивоградба

Денеска општина Охрид започна со рушење на дивоградбите односно нелегално изградените објекти, пишува Канал 5. Најпрво...

Катерина Крстиќ / 20 септември, 2019 11:39