Потпретседател во старо новиот состав е Димитрие Шеху од ДУИ која и досега ја вршеше оваа функција.

Избран новиот состав на Државната изборна комисија

И официјално со 95 гласа За собранието го избра и именува старо новиот состав на ДИК. Александар Даштевски е новиот претседател...

Рејхан Бајрами / 13 јануари, 2021 8:02

Постапката за софтверот е отворена по допрен глас, откако по падот на сајтот се откри дека тендерот за софтверот еднаш бил поништен за потоа преку постапка со преговарање без објавување на оглас, надградбата на софтверот да ја добие компанијата „Дуна“.

Обвинителството влезе во ДИК, ќе го проверува тендерот за софтверот кој го доби „Дуна“

По скандалот што се случи на изборниот ден кога сајтот на ДИК падна и граѓаните не можеа да ги гледаат изборните резултати,...

Владо Марин / 28 јули, 2020 13:32

За првпат од 2006 година кога ДИК се дигитализираше, граѓаните не можеа ниту да го следат броењето на гласовите и резултатите од избори, туку да видат каков било друг податок од клучниот орган за спроведување на изборниот процес, зашто сајтот падна вечерта по затворањето на избирачките места на 15 јули и беше мртов во наредните неколку дена.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВЛЕЗЕ ВО ДИК ДА ЈА ИСПИТА НАБАВКАТА НА СОФТВЕР ЗА ВЕБ САЈТОТ, КОЈ БЕШЕ НЕДОСТАПЕН СО ДЕНОВИ

По наредба на судија на претходна постапка, Обвинителството за организиран криминал и корупција со асистенција на Одделот...

Катерина Крстиќ / 10:50

На самата свечена седница, беа подигнати уверенијата на избраните пратеници од Коалицијата „Можеме“ , ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, како и Демократската Унија за Интеграција –ДУИ.

Во понеделник ќе им се врачат уверенијата на новите пратеници на Левица и ДПА

„Државната изборна комисија Ве информира дека денеска на 25 јули 2020 година, беше одржана свечена седница во која беа поделени...

Владо Марин / 25 јули, 2020 21:43

Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија освоила 327.408 гласови (35,89%) со што освоила 46 мандати, додека коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 315.344 гласа (34,57%) односно 44 мандати.

Конечни резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-ААА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат

Државната изборна комисија на денешната 80 седница ги објави официјалните и конечни резултати од парламентарните избори...

Владо Марин / 17:47

Имено, во текот на истрагата беа обезбедени податоци и логови за функционирањето на системот и делови од системот за поддршка на изборниот процес во Државната изборна комисија.

Регистриран DDoS напад кој бил насочен на страната на ДИК

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика достави известување до Основно Јавно Обвинителство – Скопје...

Владо Марин / 10:08

Објавувањето на конечните официјални резултати следува откако Управниот суд вчера ги одби и последните тужби од партиите. Судиите од овој суд не прифатија ниту една од вкупно поднесените 185 тужби. Пресудите коишто беа донесени се конечни.

ДИК ќе ги соопшти конечните резултати и ќе ги додели уверенијата на пратениците

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница треба да ги објави конечните официјални резултати од предвремените...

Владо Марин / 9:50

Откако партиите ќе ги примат решенијата за одлуките на ДИК имаат 24 часа да достават тужба до Управниот суд, кој пак по нејзиниот прием има 60 часа да одлучува.

Мандатите остануваат исти, партиите имаат право на тужби до Управниот суд

На вчерашната тричасовна седница, едногласно, членовите на Државната изборна комисија ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени...

Катерина Крстиќ / 20 јули, 2020 10:49