Во изјавата на лекарот од Белата куќа е наведено дека Трамп започнал да го зема лекот ремдесивир, пренесува Ројтерс.

Објавил: Перо Милчин | 3 октомври, 2020 14:30

ДОНАЛД ТРАМП СЕ ЛЕЧИ ОД КОРОНА СО ОВОЈ ЛЕК: Се огласи неговиот доктор!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп беше префрлен во воената болница Валтер Рид во Мериленд во петокот вечерта, бидејќи, откако беше потврдено дека е позитивен на вирусот корона, тој започна да ги покажува првите симптоми, како што се малку покачена температура и кашлица.

Беа објавени фотографии откако Трамп се качи на претседателскиот хеликоптер „Маринец еден“ кои покажуваат дека тој самиот излегол од Белата куќа, одел околу стотина метри и влегол во хеликоптерот со кој бил пренесен во болницата.

Во изјавата на лекарот од Белата куќа е наведено дека Трамп започнал да го зема лекот ремдесивир, пренесува Ројтерс.

Тој додава дека не му е потребна поддршка за кислород. Белата куќа претходно објави дека Трамп, како претпазливост и по препорака на лекари и медицински експерти, ќе работи од претседателската канцеларија во болницата во следните неколку дена.

Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекнени изјави дека американскиот претседател ќе се лекува во воената болница Валтер Рид во Бетесда, Мериленд, во следните неколку дена како претпазливост.

„Претседателот Трамп е добро расположен, има благи симптоми и работи цел ден денес“, рече Мекени, цитиран од Ројтерс.

Сепак, поради претпазливост и по препорака на лекари и здравствени експерти, претседателот ќе работи од претседателската канцеларија во Валтер Рид во следните неколку дена, се вели во соопштението на Белата куќа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.