Ккао што објави порталот СИГНАЛ.МК според неофицијални извори, наводно Боки бил во придружба со својата пријателка Лила Филиповска, познатата водителка на квизот ,,Се или нешто”.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јули, 2019 10:43

Еве со кого бил Боки 13 во автомобилот при приведувањето на граничниот премин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашното апсење на граничниот премин Богородица, Бојан Јовановски кој во јавноста е познат како Боки 13 не бил сам. 

Како што објави порталот СИГНАЛ.МК според неофицијални извори, наводно Боки бил во придружба со својата пријателка Лила Филиповска, познатата водителка на квизот ,,Се или нешто”.

Боки 13 доцна вечерта беше однесен пред судот, каде му беше одреден 30 дневен притвор

Како што објави порталот, наводно Боки 13 кога е застанат и уапсен на граничниот премин Богородица, тој е во придружба на Лила Филиповска. Кога тој бил приведен, Лила неколку часа останала во Фламинго, пиејќи лекови и плачејќи. Во приказните на новинарот Геровски (Лики), се спомнува и таа како една од вмешаните во рекетите кои ги правеле Боки 13, функционер од СДСМ и синот на Катица Јанева.

Инаку вчера Бојан Јовановски сопственикот на 1ТВ, беше уапсен на Граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје.

Јованоски уапсен е поради сомневање за рекет, а полицијата го привела на граничниот премин.
Исто така приведен е и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец. Тој е близок со поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој е уапсен во еден скопски ресторан.

Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 во јуни 2017 година, пред отворањето на телевизијата го стартуваше проектот „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тогаш потенцираше дека финансиската добивка како претседател ќе ја донира секаде каде што е потребно.
1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година.

Пред неколку денови, Управата за јавни ја приходи ја блокираше сметката на 1 ТВ, поради неплатен ДДВ долг, а доцна вечерта на Боки 13 му беше и одреден 30 дневен притвор.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести