Во трагичиот инцидент загинаа 15 бугарски туристи. На бродот имаше над 50 луѓе од Бугарија кои патуваа кон манастирот „Свети Наум“. Бродот „Илинден“ потона на 200 метри од брегот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 ноември, 2020 10:46

Искршен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк/фото:Сител

Споменикот на брегот на Охридското езеро кој беше подигнат во спомен на бугарските туристи кои загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“ е срушен, јавува БГНЕС.

Како што јавува бугарската новинска агенција во последните три дена многу медиуми водат антибугарска пропаганда по интервјуто на премиерот Зоран Заев.

Во трагичиот инцидент загинаа 15 бугарски туристи. На бродот имаше над 50 луѓе од Бугарија кои патуваа кон манастирот „Свети Наум“. Бродот „Илинден“ потона на 200 метри од брегот.

Животот го загубија 15 бугарски туристи од вкупно  57 кои се возеа од Охрид кон Манастирот Свети Наум.

Кормилото на бродот го управуваше тогаш 23-годишниот капетан Сотир Филески.

Кормилото на бродот го управуваше тогаш 23-годишниот капетан Сотир Филески.

Тој се соочи со мерка притвор веднаш по несреќата, а на 5 јули 2011 беше  осуден на една година затвор.

Во акцијата за извлекување на телата на жртвите беа ангажирани екипи на езерската полиција со чамци, специјални нуркачки екипи, и сите амбулантни возила со кои располага службата за итна помош во Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.