Подготвена е инфраструктурата за чување и дистрибуција на вакцината против Ковид 19, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче!
Денеска министерот посети дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината за Ковид 19.
Станува збор за дистрибутери кои веќе работат на оваа поле односно вклучени се во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини од имуниолошкиот календар на Министерството за здравство.
Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините.
Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до-70 степени целзиусови.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.