Вакцините против кооронавирусот се целосно безбедни, а вакцинацијата е единствен начин да ставиме крај на пандемијата и да го вратиме животот во нормала.

Објавил: Перо Милчин | 13 декември, 2020 11:30

ФИЛИПЧЕ: Вакцините против кооронавирусот се целосно безбедни

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче во видеообраќање до граѓаните порачува дека вакцините за коронавирусот се безбедни!

Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите.

Вакцините против кооронавирусот се целосно безбедни, а вакцинацијата е единствен начин да ставиме крај на пандемијата и да го вратиме животот во нормала, вели министерот!

Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини и преку Ковакс системот и преку понудата од ЕУ, а има и сѐ повеќе можности за директни договори со компаниите.

„Целта е да се вакцинира 60% до 70% од населението што е доволно да се создаде имунитет и да го победиме вирусот. Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат.

Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите“, рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...