Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека охрабрувачки е тоа што расте бројот на оздравени пациенти од коронавирус.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 ноември, 2020 11:26

Филипче: Нема потреба од нови мерки, овие кои се воведени даваат резултати

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека нема потреба од дополнителни мерки и дека овие кои се воведени, односно задолжителното носење маска и на отворено, забрана за групирање даваат резултати.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека охрабрувачки е тоа што расте бројот на оздравени пациенти од коронавирус.

Министерот за здравство рече дека засега не се планираат дополнителни рестриктивни мерки, бидејќи сметаат дека актуелните даваат резултати.

„Забраната за движење после 21 часот ништо нема да донесе, бидејќи е празно, угостутелските објекти се затвроени, групирањето е забрането, освен домашните собирања кои се ризик и има препораки да не се организираат. Затоа голем дел од ефективноста на мерките зависи од одговорноста на граѓаните“, рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...