Потребата да се прогласува вонредна состојба може да произлезе од различни ситуации како што е вооружена акција против државата од страна на внатрешни или надворешни елементи.

Објавил: admin@magazin | 15 март, 2020 17:18

ШТО ЗНАЧИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ДРЖАВАТА И ДАЛИ СЕ ПРОГЛАСУВА ПОРАДИ ЕПИДЕМИЈА?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Што е вонредна состојба? Вонредната состојба произлегува од владин проглас даден како реакција на вонредна ситуација која претставува основна закана за земјата. Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Постоењето на вонредна состојба на територијата на Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. 

Со прогласот може да се суспендираат одредени вообичаени функции на владата, може да се предупредат граѓаните да го сменат своето вообичаено однесување, или може да се овластат владини агенции да спроведат планови за подготвеност за опасност, како и да се ограничат или укинат граѓанските слободи и човекови права.

Вонредната состојба произлегува од владин проглас даден како реакција на вонредна ситуација која претставува основна закана за земјата. Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.

Потребата да се прогласува вонредна состојба може да произлезе од различни ситуации како што е вооружена акција против државата од страна на внатрешни или надворешни елементи, природна непогода, граѓански немир, епидемија, финансиска или економска криза или генерален штрајк.

Вонредните состојби не се невообичаени појави, особено во диктаторски режими каде што вонредната состојба може да трае се додека трае режимот. Во одредени ситуации, исто таа се прогласува воена состојба, со што на војската и се дава поголема моќ да делува.

Други поими кои се однесуваат на опасни ситуации се: исклучителна состојба, состојба на узбуна и опсадна состојба.

Кои се клучните компоненти на вонредна состојба?

Вонредните состојби имаат две компоненти:

• законска рамка која се состои од уставна и законодава основа за вонредната состојба, 

• оператива рамка која вклучува организациона структура и стратешки планови за справување со вонредната состојба.

И покрај тоа што се одвоени, овие компоненти мора да се компатибилни, со други зборови, законската рамка мора да ги земе предвид оперативните барања, а оперативните барања мора да ја почитуваат законската рамка, вклучувајќи го и меѓународното право.

Во поглед на законската рамка, овие Оновни податоци ќе се однесуваат на демократската отчетност, човекови права и владеење на право за време на вонредни состојби.

Вонредните состојби имаат две компоненти: • законска рамка која се состои од уставна и законодава основа за вонредната состојба, и • оператива рамка која вклучува организациона структура и стратешки планови за справување со вонредната состојба.

Зошто е значајно ова прашање?

Кога се применува законот за опасност недвојбено доаѓа до ограничувања на вообичаената економска, граѓанска или политичка активност и права со цел да се решат вонредните околности кои довеле до вонредна состојба. Одредени ограничувања може целосно да се оправдани.
Истовремено, постои опасност дека владата ќе ја искористи вонредната состојба за да воведе непотребни ограничувања на човековите права и граѓански слободи, да ги неутализира политичките противници, да ги одложи изборите, или за други лични цели кои потешко би можела да ги оствари во нормални околности.

Во некои земји, има тенденција вонредните состојби да се одржуваат со години или дури и децении, долго време откако првобитната причина за нејзино прогласување веќе не постои. Не треба да се потцени опасноста дека од вонредредната состојба може да произлезе “уставна диктатура”.

Кои се основните начела што мора да се почитуваат додека владее опасност?

Уставот или законодавството на една земја вообичаено ги опишува околностите кои може да доведат до вонредна состојба, ги утврдува постапките што треба да се следат и ги наведува ограничувањата на овластувањата за време на опасност кои може да се применат или правата кои може да се укинат.

Постоењето на вонредна состојба на територијата на Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.

И покрај тоа што секоја земја сака да утврди свои сопствени практики, развиени се меѓународни норми кои можат да дадат корисна насока. На пример, значајните меѓународни договори како што се Европската конвенција за човекови права и основни слободи (ЕКЧП).

На вчерашната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче информираше дека ќе се воведе забрана за работење на кафитерии, клубови, казина во земјава.

Се забранува целосно работата на кафитерии, брови, клубови, казина и спортски обложувалници, соопшти вчера министерот за здраство Венко Филипче.

Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа, е состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...