Параглајдерист летал над Галичица и од засега непознати причини изгубил висина и паднал

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 12:05

Тешко повреден параглајдерист пронајден и спасен на Галичица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вработени во Националниот парк “Галичица” кај месноста “Баба” пронашле паднато лице со параглајдер пo што повикале полиција.

На местото на настанот веднаш пристигнала планинарска служба и итна медицинска помош.

Лицето О.В. [ 37 ] од Киев – Украина е пронајдено во контактибилна состојба при што е пренесен во болницата “Св. Еразмо” каде што му се констатирани тешки телесни повреди.

По овластување на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести