Ви предлагаме една современа молитва против актуелниот коронавирус, творба на Едескиот Митрополит г. Јоил. Доколку сакате, би било добро да ја вметнете во вашето секојдневно молитвено правило, стои во објавата од Бигорски Манастир.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 март, 2020 15:33

МОЛИТВА ЗА ВРЕМЕ НА КОРОНАВИРУСОТ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од Бигорскиот Манастир, за сите верници беше објавена современа молитва, поради како што велат моменталната состојба со Коронавирусот, кој сее страв во светот, но и во Македонија каде бројот на заразени достигна 35 лица.

Возљубени верници,

Ви предлагаме една современа молитва против актуелниот коронавирус, творба на Едескиот Митрополит г. Јоил. Доколку сакате, би било добро да ја вметнете во вашето секојдневно молитвено правило, стои во објавата од Бигорски Манастир.

Молитва за време на коронавирусот!
Господ Исус Христос, Лекар на душите и телата наши

Господи, Исусе Христе, Боже наш, врховен Лекару на душите и на телата, кој заради нас си се вочовечил, за да ја исцелиш големата рана на човекот; Кој не си ги презрел десетте болни од неизлечливата лепра, туку со Твојата спасителна благодат си ги очистил; Кој си дошол како Богочовек во деновите на Твоето присуство на земјата, благотворејќи и исцелувајќи ги сите болни и неволници; Кој си благотворел и си оздравувал парализирани, слепи, големи грешници, демоноопседнати и острастени, и телесно и умствено; прими ја благопријатно нашата молитва и изгони го, со Твојата сила, убиствениот вирус што носи облик на круна и предизвикува стравови, но и смрт кај немоќните и недоволно згрижените. Иако поради многуте наши гревови си го допуштил ова искушение, Ти се молиме да го отстраниш од нас и од секое семејство. Иако заради испитание на верата си устроил тој да завладее, сопри го бранувањето на немоќните од оваа епидемија. Иако поради злодејството на непријателот или поради негрижата на површни луѓе тој се рашири, уништи ја неговата сила како Бог Сесилен. Сочувај ја младината и огради ги немоќните, оние што се во старост од овој проклет вирус исцели ги и сите избави ги од притеснение на срцето, и наместо тоа, подари ни здравје, олеснение и широчина, по молитвите на Владичицата наша Богородица и на сите Твои Светии. Амин!

Бигорски Манастир!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести