Вирологот Џон Вилијамс, шеф на Катедрата за педијатрија и заразни болести на Универзитетот во Питсбург, откри како правилно да ги мие рацете и зошто е тоа важно.
Тој изјави дека има четири вируси на корона кои циркулираат во човечкото тело редовно, секоја година.
„Тие главно се причина за настинки, всушност три типа на настинка, кои не се смртоносни за луѓето“, вели Џон Вилијамс.
Под микроскоп, корона вирусот има бодликави краеви како круна. Под бодликавиот дел, има липиди или масти на површината.
“Обидете се да го исчистите путерот од садовите само со вода, тој нема да исчезне. Потребни ви се сапуни за чистење на маснотиите. Сапунот или алкохол се многу ефикасни во разложување на вирусот на маснотиите. Ова го прави вирусот неактивен за да не може се врзува за клетките на човечкото тело “, објаснува Вилијамс.
Додека ги миете рацете, важно е да ги триете бидејќи така се прави повеќе сапуница и тоа правете го по 20 секунди бидејќи така ги спречувате бактериите и вирусите да се лепат на површините. Вирологот вели дека миењето раце со ладна вода не е проблем, но дека е поефикасно со топла.
Сретствата за дезинфекција базирани на алкохол се ефикасни доколку се користат правилно. Таквите агенси треба да содржат најмалку 60 проценти од алкохолот во него, бидејќи тоа го убива вирусот.
“Важно е да земете доволно средство за дезинфекција за да ја покриете целата рака и да ги протриете прстите и помеѓу нив . Хемиски, алкохолот ја расипува мембраната на бактерии и вируси. Кога станува збор за рацете – сапун и топла вода се подобри избори “, заклучува вирологот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.