Според наодите од студијата, 95% од населението во Шпанија сè уште е подложно на коронавирус, што е далеку од постигнување на таканаречениот колективен имунитет.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јули, 2020 11:03

ШОК ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ШПАНИЈА: Подобро е да не бркаме колективен имунитет! Еве колку жртви би требало да има секоја земја!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Index.hr Foto: Profimedia

Една студија за коронавирус на Шпанија открила дека само 5% од населението во земјата развило антитела на „Ковид-19“, што дополнително ги поддржува претходните докази дека е речиси невозможно да се постигне колективен имунитет без голем број на жртви.

Според наодите од студијата, 95% од населението во Шпанија сè уште е подложно на коронавирус, што е далеку од постигнување на таканаречениот колективен имунитет.

Колективниот имунитет се јавува кога доволно голем дел од популацијата ќе се зарази со вирус или бактерија и се стекнува со имунитет, или ако се развие ефективна вакцина која спречува понатамошна циркулација на инфекцијата.

Европскиот центар за контрола на болести објави дека ова е едно од најголемите европски серолошки тестови за ковид-19. Студијата беше спроведена на 61.000 испитаници.

Слични студии во Кина и САД, исто така, покажаа дека поголемиот дел од населението не било заболено од коронавирус, дури и во области каде има повеќе жаришта и значителен број заразени лица.

„Имајќи ги предвид овие откритија, секој пристап кон пандемија што сугерира да се постигне колективен имунитет на природна инфекција не е само неетички, туку и недостижен“, велат  вирусолозите Лансет Изабела Екерле, раководител на Женевскиот центар за вирусни болести и вирологот Бенџамин Мајер од Универзитетот во Женева.

Лекарите сè уште не се сигурни колку долго антителата обезбедуваат заштита или дали целосно нè штитат од повторна инфекција.

Ова истражување беше спроведено од водечки шпански владини агенции за истражување и епидемиологија, а започна во април, додека државата беше под целосен карантин.

“Релативно ниската серопреваленција забележана во контекст на интензивната епидемија во Шпанија може да послужи како референца за другите земји. Во моментов е тешко да се постигне колективен имунитет без колатерална штета, односно без голем број смртни случаи кај ранливите популации и преоптовареноста на здравствениот систем”, се вели во соопштението. 

Марина Полан, водач на студијата и директор на Шпанскиот Национален центар за епидемиологија, изјави за Си-Ен-Ен дека многу експерти веруваат дека „колективниот имунитет бара развој на антитела кај 60 проценти од населението“. 

Шпанија беше една од земјите во Европа која беше погодена од пандемијата на коронавирус. Досега во земјата се пријавени над 290.000 случаи и најмалку 28.000 смртни случаи.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести