Новинарот и уредник на порталот Плусинфо кој преку своите колумни откри во јавноста за случајот Рекет, овој пат на својот Фејсбук профил напиша дека бил вербално нападнат од таткото на поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, Панче. Героски открива дека тој на Фејсбук напишал недолични коментари кон него.
Господинот Pance Zaev втор пат коментира под мој пост во оваа Фејсбук група. Втор пат неговиот коментар е под нивото на пристојна комуникација меѓу двајца ФБ пријатели, а да не зборувам за нивото што би требало да го покаже таткото на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Многу ми е нрпијатно. На неговиот прв коментар му одговорив колку што е можно повоздржано и покултурно. На вториов коментар, едноставно, ми е срам да одговарам.
Велам, многу ми е непријатно. Никогаш не сум бил во ситуација да полемизирам со татко, мајка или со некој друг член на семејството на наш политичар, кој на овој начин го брани своето семејство.
Верувам дека г-н Панче Заев е човек во години и од почит кон него и кон семејството Заеви, овој пат нема да одговорам на овој коментар. Не можам да ги спречам другите да коментираат, но јас ќе се воздржам. Ќе чекам некој на г-н Панче Заев нешто да му објасни.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.