Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се врати во својата канцеларија по двонеделниот домашен карантин, изјави нејзиниот портпарол, Стефан Сијберт.
Тој рече дека Меркел била тестирана неколку пати за вирусот корона и дека резултатите биле „за среќа негативни“.
Меркел влезе во домашен карантин на 22 март, откако беше известена дека докторката која и ја дала вакцината, била позитивна на вирусот корона.
Два дена порано, таа доби превентивна вакцина против пневмококна инфекција.
Од дома, Меркел водеше состаноци на владата и учествуваше на домашни и меѓународни видео конференции.
Бројот на лица заразени со коронавирусот на светско ниво веќе е поголем од еден милион, поточно 1.034.170. Бројот на излекувани, пак, е околу една петтина од тој број и изнесува 220.025, додека вкупниот број на починати е 54.465.
Соединетите Американски Држави веќе неколку дена се на врвот на листата кога станува збор за бројот на заболени, па сега има 245.442 Американци заразени со новиот коронавирус.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.