Хари и Меган Маркл се преселиле во Лос Анџелес, а секој ден се шират нови информации за некогашната кралска двојка. Овој пат, тие имаат врска со популарната актерка Анџелина Џоли.
Меган сега сака да ја прошири својата улога како раскажувач во документарецот на Дизни со актерката Анџелина Џоли, на која и се восхитува. Таа сака Џоли да биде нејзин ментор во актерството, која глуми и во филмот Дизни
„Меган има почит кон Анџелина, како лично, така и професионално. Таа се восхитува како успева да ја балансира својата работа за добротворни цели и успешната кариера, а воедно и да одгледува шест деца“, рече извор близок до Маркл.
Меѓутоа ова мислење го дели и Џоли која изјавува дека сака да негува пријателство со војвотката. Таа се надева дека ќе запознае нови пријатели во Лос Анџелес, а како што тврди изворот, Меган е нејзината најдобра опција. Тие се сретнале неколку пати.
Инаку пред само два дена магазинот Women’s Day објави дека Меган и Хари се разведуваат, а тие ги поседувааат деталите за разводот на деценијата.
Не можете да ми кажете дека ова не беше нејзиниот план од самиот почеток. Таа ги донесе Хари и Арчи во Америка за да може да продолжи со својот холивудски живот, а најстрашно е што Хари го има на дланка – тие се во Америка, далеку од неговото семејство и во земја каде што таа е целосно во предност кога станува збор за законите и правата“, изјавил изворот за магазинот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.