Веќе можевме да прочитаме во повеќе медиуми како епидемиолозите и експертите го споредуваат вирусот со претходните епидемии на вирусите МЕРС и САРС, па така и во оваа серија вирусот докторката го споредува вирусот со претходните епидемии , кои му припаѓаат на истото семејство.
Коментарите на оние кои што ја гледале серијата се дека всушност е застрашувачки предвидлива а од друга страна пак има и такви кои велат дека станува збор за случајно совпаѓање.
За разлика од измислениот коронавирус во „Мојот таен Териус“, стручњаците сметаат дека тој предизвикува смрт само во 2 отсто случаи. Она што го забележале гледачите е и податокот дека при крајот на секоја епизода ги учат децата како внимателно да ги мијат рацете.Серијата е снимена во Јужна Кореја и во Полска.
Инаку оваа серија деновиве стана многу популарна во Велика Британија, и е една од петте најгледани во земјата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.