Премиерката на Нов Зеланд рече дека намалувањето на платите нема да влијае на општата фискална позиција на владата.

Објавил: Перо Милчин | 15 април, 2020 20:17

ВЛАДА ЗА ПРИМЕР: Функционери намалиле плати во знак за солидарност на ЗАРАЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, најави дека министрите и таа ќе ги намалат своите плати за 20 проценти во текот на следните шест месеци, во солидарност со луѓето погодени од коронарна пандемија на вирусот, пренесува „Гардијан“.

Ардерн рече дека е важно највисоко платените членови на владата да покажат „лидерство и солидарност“ со работниците на „фронтовата линија“ и оние кои останаа без егзистенција.

Затоа, Ардерн, министрите и извршните директори на јавните служби ќе добијат намалена плата во текот на следните шест месеци, при што мерката ќе стапи на сила веднаш.

Премиерката на Нов Зеланд рече дека намалувањето на платите нема да влијае на општата фискална позиција на владата.

Нов Зеланд веќе три недели е во целосна изолација, што значи никој не смее да ја напушти куќата, освен во итни случаи.

Повеќе од 1.300 луѓе се заразени со вирусот корона во Нов Зеланд, додека деветмина починале, според „Гардијан“, истакнувајќи дека сите жртви се постари лица кои порано имале здравствени проблеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.