Директорот на Фондот за здравство Ден Дончев поднесе оставка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 мај, 2020 15:28

ГЕРОСКИ ВЕЧЕРВА СО ЕКСКЛУЗИВНА БОМБА ВО 19 ЧАСОТ: Зошто навистина Ден Дончев поднесе оставка?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вечерва во 19 часот новинарот Бранко Героски на порталот Плус инфо во 19 часот, ексклузивно ќе открие зошто навистина директорот на Фондот за здравство Ден Дончев поднесе оставка.

Ден Дончев си поднесе оставка од местото директор на Фондот за здравство, дознава „Република“.

Тој како причина за оставката наведува здравствени и семејни причини. Дончев тврди дека оставката планирал да ја даде по изборите кои требаше да се одржат на 12 април но бидејќи тие не се случија, а најлошото со корона вирусот поминало сега почустувувал вистинско време да го стори тоа.

Дончев тврди дека оставката планирал да ја даде по изборите кои требаше да се одржат на 12 април но бидејќи тие не се случија, а најлошото со корона вирусот поминало сега почувствувал вистинско време да го стори тоа.

Но, по оставката на контроверзниот Дончев, се поставува прашањето дали вистинската причина се двете големи афери во кои тој се споменува и можноста да биде гонет.
За потсетување, сопственичката на „Диамед“ го обвини Дончев дека заедно со министерот за здравство Венко Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија.

Таа тврдеше дека е рекетирана од Дончев и оти заедно со Филипче двајцата сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик.

Во оваа афера наречена „Рекет 2“ како посредник се јавуваше и Зоран Милевски-Кичеее кој го призна делото во случајот „Рекет“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.