Цената на Еуросупер 95 се зголемува за 3 денари и ќе чини 57,5 денари по литар. За два и пол денари поскапуваат!

Објавил: Владо Марин | 26 мај, 2020 16:57

БУЏЕТОТ СЕ ПОЛНИ: Цените на горивата одат нагоре!

Фото/Текст извор: ©A.магазин

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени на нафтените деривати во земјава. 

Согласно своите овластувања, регулаторната комисија за енергетика на Македонија на денешната седница донесе одлука за корегирање на цените на горивата кај нас и тоа за многу – на бензинот 95 за 3, а на оној од 98 октани и на дизелот за 2,50 денари.

Согласно тоа, номинално од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува на 57,50 денари, на бензинот еуросупер БС-98 на 59,50 а на дизелот на 49,50 денари за литар.

Според нивното образложение до ова е дојдено заради промените на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои кај бензинот забележаа зголемување за 23,66%, а кај дизелот за 16,74%.

Истовремено доларот поевтини за 0,602%, со што имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според законски пропишаната методологија за пресметка на малопродажните цени на нафтените деривати, тие се зголемија во просек за 8,50%.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести