Специјалистот за инфективни болести Фадил Цана, во изјава за Алсат, го прокоментира укинувањето на полицискиот час во државава и според него во наредните денови бројот на заразени со Ковид-19 би ги надминал првичните прогнози на здравствените установи.
Според него со олеснувањето на рестриктивните мерки и тоа што не беше прифатена препораката од Комисијата за заразни болести, за целосен карантин за време на викендот, претставува потенцијален ризик дека во наредните денови бројот на нови случаи ќе биде поголем.
-Она што се гледа во последните денови има тенденција да се зголемува, наместо да се намалува. Она што се гледа во земјите од регионот е дека имаме постепен пад на кривата, додека во нашиот случај имаме варијација. Мислам дека тоа може да се должи на недостигот на навремено откривање на случаите, нетестирање на потенцијални жаришта, потенцијали кои се откриваат во последните денови во различни региони, како на пример, во Тетово, во некои рурални општини во околината на Скопје, како што е Сарај. Втората причина, што мислам дека е причината за зголемувањето на оваа крива е дневната тактика, политичкиот пазар, не носењето на рестриктивни мерки како што треба во овие околности, за да има помалку случаи. Минатата недела бевме сведоци на неколку потези кои не беа во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Јас би рекол дека тие повеќе беа одлуки за дневна политика, рече тој.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.