Висински циклонски систем во текот на следните денови ќе го зафати поголемиот дел од Балканскиот Полуостров.
Сепак најпогодени ќе бидат Босна и Србија каде се очекува најголемо количество на воден талог за релативно кратко време и тоа особено во текот на ноќта недела кон понеделник, како и во понеделник, додека во западните и јужните предели на Србија доста интензивни врнежи се очекуваат во вторник.
Локално количеството на воден талог, особено во централните предели на Босна се очекува да надмине 100 л/м2.
Поради ваквата состојба расте опасноста од зголемување на нивоата на реките, како и на нивно излевање кое може да услови и поплавувања. Се препорачува крајна претпазливост до граѓаните.
Локално овие врнежи ќе бидат проследени и со појава на грмежи како резултат на нестабилност. На Јадранот ќе започне да дува силна Бура, додека додека во останатите предели засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.