Скопје е новото жариште на Ковид 19 а според епидемиолозите следната недела можно е да спласне, и додаде дека не треба да се избзрзува со проценки како ќе биде зошто не секогаш се добиваат прецизни информации од епидимеиолошките анкети.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јуни, 2020 9:28

Филипче: Вториот бран дојде порано зошто граѓаните не ги почитуваат мерките

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Mинистерот за здравство Венко Филипче и покрај големиот број на заразени од коронавирус, уверува дека ситуацијата е под контрола, иако можеби не предвиделе дека толку брзо ќе се случи да има волкава бројка.

Министерот посочи дека Македонија навремено реагирала на епидемијата.

-Со навремена анализа на сите контакти на новозаразените лица и интензивно тестирање на контактите дојдовме до тоа да имаме голем број на детектирани случаи. Помалку од 15 проценти е бројот на детектирани лица кои се на болничко лекување, останатите се со полесна клиничка слика и се на домашно лекување. Голем е бројот на асимптоматски носители. Имаме агресивна стратегија. Кај нас малку порано почна тој втор бран и ние го идентификувавме дека почна од тие семејни собири во жариштата во Скопје, околината на Куманово, Тетово, во Штип. Освен Скопје другите жаришта спласнаа, рече Филипче на гостувањето на емисјата Само интервју што се емитува на Канал 5.

Скопје е новото жариште на Ковид 19 а според епидемиолозите следната недела можно е да спласне, и додаде дека не треба да се избзрзува со проценки како ќе биде зошто не секогаш се добиваат прецизни информации од епидимеиолошките анкети.

-Појавата на овој бран се должи на непочитување на мерките односно потекнува од големи семејни средби, познати се кластерите. Оние што ги почитуваат мерките, кај нив немаме појава на кластери, кажа Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.