Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката .

Објавил: Владо Марин | 25 јуни, 2020 10:25

Казнети 643 лица за неносење маска

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на изминатото деноноќие (24/25.06.2020 година) на територијата на Република Македонија на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката!

 Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 643 прекршоци!

Додека пак на (23/24.06.2020 година) на територијата на Република Македонија на 886 лица им беа издадени решенија за изолација, а 152 лица потпишале изјави за самоизолација!

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице беа регистрирани 544 прекршоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести