петок, 3 мај 2024

MK/ EN/ DE



Во првата аудио снимка како повторно се зборува за пас од Заев. „… го замолив Зоки, Зоки ми даде пас им пуштивме полиција и све…“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2020 22:44

(АУДИО) НОВИ БОМБА ЗА ДЕН ДОНЧЕВ: Со Заев пуштивме инспекција – се испумпувале пари!

Фото/Текст извор: ©Лидер.мк

На јутјуб денеска се објавени нови ауди бомби кои сведочат за криминалот што организирано го спроведувале екс директорот на Фондот за здравсрвено осигурување и Зоран Заев, објави Лидер.мк.

Во првата аудио снимка како повторно се зборува за пас од Заев. „… го замолив Зоки, Зоки ми даде пас им пуштивме полиција и све…“.

Повторно од Заев било побарана дозвола – или како што викаат пас.

„Имаат испумпано милионски суми, ја имаат направено фирмата загубар, а 10 милиони евра пумпаат на име на авторски права“ – следи во продолжение на аудио-снимката.

Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Ден Дончев попладнево беше на разговор во полициска станица Карпош.

Дончев бил викнат на разговоро по објавените снимките, пред некој ден во јавноста.

Пред четири дена на Јутјуб беа објавени три нови аудио и уште една видео-снимка на која наводно се слуша гласот на Дончев. На видео-снимка може да се забележи како Дончев зема пари и ги става во торба.

Во мај Дончев си поднесе оставка од директорската функција поради како што беше соопштено „приватни семејни причини“.

Името на Дончев се спомнуваше во случајот „Рекет 2“ за фирмата Дијамед, која во 2013 година доби концесија за дијализа на бубрежно болни.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.