На фотографијата се гледа дека Мисајловски и останатите на средбата не ги почитуваат мерките за физичко дистанцирање, ниту пак носат заштитни маски.

Објавил: Владо Марин | 27 јуни, 2020 15:48

(Фото) Мисајловски и Тони Михајловски без маски во кафуле во Куманово

Фото/Текст извор: ©24 инфо

Носителот на листа во ИЕ 2 на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски, со кандидатот за пратеник Тони Михајловски, заедно со Игор Божиновски, сопруг на амнестираната за „27 април“, Елена Доцевска-Божиновска.

На фотографијата се гледа дека Мисајловски и останатите на средбата не ги почитуваат мерките за физичко дистанцирање, ниту пак носат заштитни маски.

Куманово е убав град, има прекрасни граѓани и заслужува позитивни нешта, ВМРО – ДПМНЕ ќе води позитивна кампања, која ќе се заснова на проекти и обнова, изјави денеска во Куманово, носителот на ИЕ 2 од ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

– Додека СДСМ велат дека можат повеќе да работат, јас мислам дека они можат повеќе да крадат, да продолжат со мито и корупција и можат повеќе да не угнетуваат. Затоа ние ќе ја обновиме Македонија и ќе продлжиме со позитивна кампања. Овој град е прекрасен и заслужува убави нешта, позитивни нешта и ние натака оваа кампања ќе ја целиме, изјави Мисајловски.

Носителот на листата во ИЕ 2 вели дека ВМРО – ДПМНЕ ќе обезбеди сигурна иднина за секој граѓанин и му се заблагодари на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, за, како што кажа, санкционирањето на професионални лица од МВР кои се во партиска кампања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...