Во Скопје по немањето реакции на градските власти очигледно започнува нова ера на соживот меѓу скопјани и комарците

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 14:15

Шилегов во Нирнберг! Скопјани и комарците ќе мора да се снаоѓаат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот Петре Шилегов е во дводневна посета на Нирнберг каде викендов се организира 14-тиот безграничен фестивал на збратимени градови на кој се претстави и Град Скопје.

Шилегов во рамките на фестивалот имаше обраќање а исто така отвори и изложба во рамките на истиот.

“Ми претставува чест и задоволство да ја предводам делегацијата на Град Скопје на овој меѓународен фестивал на збратимени градови токму тука во збратимениот Нирнберг.

Верувам дека ќе се согласите дека збратимувањето на градовите е од особена важност за интензивирање на соработката и развивањето на партнерски односи на многу полиња. Најважната придобивка е секако спојувањето и негувањето на различностите.” – изјави Шилегов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.