Поради Ковид-19 инфектолозите станаа најбарани лекари, но кичевската болница не располага со ниту еден инфектолог!

Објавил: Владо Марин | 3 јули, 2020 21:23

Заразен оџа, затворени 8 џамии во градот – болницата во Кичево тешко се справува со ковид-19

Фото/Текст извор: ©Тв21

Болницата во Кичево со години се соочува со разни проблеми. Во последно време е забележан дефицит на медицински персонал.

Поради Ковид-19 инфектолозите станаа најбарани лекари, но кичевската болница не располага со ниту еден инфектолог.

Снимки покажуваат како функционирал Одделот за инфектологија во оваа болница, каде може да се види и дека во недостиг на простор, оваа зграда сѐ уште функционира за неколку специјалистички оддели.

Дека нема инфектолог и дека болничкиот капацитет е недоволен за справување со оваа пандемија, потврдува и директорот на болницата, Станко Трпески.

Како што вели, во Кичево е забележан раст на нови случаи на коронавирус.

Според него, кичевската болница има 12 до 20 кревети наменети за пациенти заразени со Ковид- 19, но сепак како што објаснува, не се соодветни за актуелната состојба.

Во Кичево е регистриран и случај на заразен од џамија, поради што Муфтивството затвори 8 џамии кои се наоѓаат во градот.

„Ги затворивме џамиите бидејќи ако ја затвориме само таа џамија каде колегата беше заразен, рековме дека верниците ќе одат во други џамии. Затоа одлучивме сите 8 џамии во градот да ги затвориме од недела до петок“, посочи Мурат Хусеини.

Бројот на заразени со Ковид-19 бележи раст и во Кичево. Според статистиките на Министерството за здравство досега се регистрирани 30 позитивни случаи, кои поради тешката здравствена состојба се лекуваат на клиниките во Скопје и Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...