Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, во попладневните часови во планинските места ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.
Потоа утре и во сабота ќе има појава на локална нестабилност во попладневните часови проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
Од недела па натаму ќе продолжи претежно стабилното, суво и многу топло време, максималните дневни температури на воздухот во текот на следната недела ќе бидат уште повисоки и во најтоплите предели се очекува да се искачат до околу 40 степени.
Подготви: Славчо Попоски
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.