Раскажува и како и било најтешко да и раскаже на својата ќерка за загубата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2020 11:40

Илда Шаулиќ по загубата на бебето: Се уште чувствувам последици од интервенцијата, но добро сум!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако во медиумите се појави веста дека познатата пејачка Илда Шаулиќ, ќерката на покојниот Шабан Шаулиќ, кралот на народната музика, го загубила своето второ дете, се огласи и самата таа. 

Пејачката вели дека се чувствува добро, но дека се уште чувствува последици од интервенцијата.

-Кога во обѕир ќе се земе се што поминав, добро сум. Секако се уште чувствувам последици од интервенцијата, но се ќе помине. Многу е важно дека после се успеав да го зачувам внатрешниот мир и дека се помирив со ситуацијата. Во сето ова ми помагаше семејството и пријателите, открива пејачката.

Раскажува и како и било најтешко да и раскаже на својата ќерка за загубата.

-За сета среќа имам паметно за своите години дете. Секако секој што ќе и се јавеше на телефон и говореше дека ќе добие брат или сестра, а ова го прифати како неминовно. Таа инаку е таква по природа. Кога татко ми загина и говоревме дека тој е на пат, обидувајќи се на тој начин да ја поштедиме. Не знаевме како да и ја соопштиме вистината, а да она го разбере тоа и го прифати. Така во една прилика таа ни рече, мојот дедо не е на пат, тој е со ангелите, бевме во шок, но сфативме дека на неа не и треба да и се кријат работите, вели Илда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.