Во рекордно време завршивме со поставувањето на новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија, објави министерот за здравство Венко Филипче!
Поставени се четири амбуланти, кабинети и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти.
Интензивно работиме и на доопремување на модуларната амбуланта со медицинска и немедицинска опрема, потенцираше Филипче.
Во есенските месеци, бројот на пациенти со белодробни заболувања се зголемува и поради тоа пациентите кои имаат било каква белодробна симптоматологија целосно ги одделуваме од сите други пациенти.
Монтажната амбуланта е исклучително важна во наредниот период и ги исполнува најсовремените стандарди за работа.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.