Собранието се конституираше. Освен што почна да тече рокот за формирање на новата влада, течат и роковите во кои новоизбраните народните избраници, но и оние на кои им престана мандатот, треба да ги пополнат анкетните листови и листовите за судир на интереси.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 август, 2020 12:04

Билјана Ивановска за Слободен Печат: Ќе бараме закон за потекло на имот!

Фото/Текст извор: ©Слободен печат фото: фактор.мк

Во Законот за Собранието во согласност со членот 15 пратениците се должни најдоцна во рок од 30 дена од верификацијата на мандатот да ги пополнат анкетните листови во кои ќе наведат колку се богати.

Претседателката на Акнтикорупциска, Билјана Ивановска во интервју за Слободен печат вели: Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свои име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот. Таа посочува дека токму тоа е и најголемиот проблем.

На 4 август, Собранието ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници. Според Законот за Собранието должни се во анкетните листови да го наведат имотот со кој стапуваат на оваа функција. ДКСК најавуваше нови обрасци, до каде е со нивната подготовка?

-Во анкетните листови пратениците треба да ја наведат целокупната имотна состојба со која располагаат, но исто така треба да пополнат и листови за судир на интереси. Со новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, ние бевме обврзани да направиме нов образец. Според содржината образецот го дотеравме, го направивме, но, електронското решение сеуште не е готово. Проектот кој што беше поддржан од УСАИД е повлечен и некако сами до крај треба да го избуткаме ова ново решение за анкетните листови. Мислам дека многу скоро, веќе наредната недела ќе го објавиме тендерот за подготовка на електронски софтвер за анкетните листови кој ќе ни овозможи историски да следиме што се случувало во промена на имотната состојба на избраните лица. Дел од овој софтвер ќе биде и регистарот на службените лица и затоа даваме приоритет во нашата работа. Очекувам до крајот на годината да се подготви овој софтвер и да се стави во тест употреба, вели Ивановска за Слободен Печат.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.